Гугл ќе се „тепа“ со руската пропаганда

Извршниот директор на Алфабет, фирмата-мајка на Гугл, Ерик Шмит, изјавил дека се креираат алгоритми со кои во резултатите на пребарувањата ќе се филтрираат руските вести.

Како што најавил Шмит, вестите кои потекнуваат од медиумите како „Раша Тудеј“ и „Спутник“ ќе бидат сè помалку достапни при пребарување.

„Работиме на откривање и дерангирање на таквите веб-извори“, изјавил Шмир на меѓународниот безбедносен форум во Канада.

Свесен дека таквите извори се полни со пропаганда, Шмит и инженерите од Алфабет/Гугл ќе направат сè што може за истите да доаѓаат до што помала публика, но не и да бидат забранети.

Руските медиуми ја критикувале оваа најава.

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android
- Реклама -