Ѓубрето од 9-те општини во југозападниот плански регион ќе се носи во Битола. Откако министерството за животна средина се откажа од идејата за изградба на регионална депонија во Годивје,сега ја анализирале можноста заради поекономично управување со отпадот,регионалната депонија да не биде во сливот на Охридското езеро.
Изјава Ана Петровска-мин за животна средина: Јас сега го добив почетниот извештај од консултантите, очекуваме тука да ми ги постават сценаријата.Значи сценаријата упатуваат на можности да охридскиот регион всушност го носи отпадот во Битола,меѓутоа сега не сакам да прејудицирам, значи тоа е нешто кое што во моментов се разгледува.
Општина Дебрца го обжали решението за министерството за животна средина,а второстепената комисија го поништи и предметот го врати на повторно разгледување,сега ресорното министерство бара нова локација.
– Сите еколошки аргументи укажуваат дека Дебрца, како дел од сливот на Охридското езеро, не може да има таква депонија. Проблемот со отпадот треба да се решава, но решението да се бара надвор од сливот.Секое друго решение е попаметно отколку она што беше понудено со претходната документација-вели градоначалникот на Дебрца.
Целата статија тука