Губењето на невиноста може да ви го упропасти животот

Губењето на невиноста е директно поврзано со сексуалното задоволство покасно во животот, без разлика дали тоа искуство било добро или не.

“Губењето на невиноста често се перцепира како на важен чекор во човековиот развој. Тој момент ја означува транзицијата во зрела личност. Целта ни е да утврдиме дали и колку влијае на емотивниот и физички развој на луѓето” истакнал научникот Метју Шафер од Универзитетот Тенеси.

Во истражувањето во кое биле вклучени 331 личност, основните параметри биле како емотивно го доживеале моментот и како го оценуваат нивниот сегашен сексуален живот.

Резултатите покажале дека доколку првото сексуално искуство е пријатно, најчесто позитивно влијае на физичкото и емотивното задоволство во понатамошните интимни односи. Конкретно, доколку за време на првиот однос лицата се чуствувале сакани и ценети од партнерот, во текот на животот имале емотивно задоволувачки сексуален живот.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Но за жал, доколку првото сексуално искуство било во некоја мера трауматично, тоа може да остави длабока трага на сексуалноста кај личноста. Неколку од најчестите проблеми при ваква ситуација се проблеми при постигнување на сексуална возбуда, потешкотии при постигнување на оргазам и уште многу други сексуални дисфункции.

 

- Реклама -