Власта на Заев се обидува да креира привидно чувство на правда преку политички прогон на поголема група луѓе поради чие чесно и професионално работење и чесен однос кон националните прашања Заев и СДСМ беа инфериорни во опозиција цели 11 години – оценува поранешниот премиер на РМ, а сега азилант во Унгарија – Никола Груевски, во Фејсбук статусот кој го објави околу еден час пред да биде соопштена пресудата во предметот за протестите пред Општина Центар во 2013 година.
Оваа привидна правда потоа планираат да ја прикажат како успешна борба против криминалот, како пред домашната јавност, така и пред меѓународната заедница, но времето ќе ги демантира, а на Заев ќе му пукне бетонот со кој овие случувања сака да ги забетонира како вистина, тврди Груевски. „Сето ова на луѓе кои не се во политиката може да им звучи премногу за да е вистина, но за жал за многу луѓе денес е не само вистина туку и реалност“, додава Груевски.
И за денешната пресуда Груевски искоментира дека е нарачана:
„За денес порачал луѓето во фабрикуваниот предмет ‘Протести во општината Центар’ да бидат прогласени за виновни и да се доделат затворски казни од судијата. За тие кои најмногу лично ги мрази – ефективни, за оние кои му се помалку важни – условни. Исто како што вчера истиот нарача Гордана Јанкуловска во незаконска постапка да ја спроведат во затвор по претходно брутално извршениот притисокот од негова страна до врховните судии да го потврди обвинението, кое претходно на ист начин го потврди апелационит суд.
Како што јавно беше кажано уште во 2018 година дека и ветено унапредување во уставниот суд, пристигна и наградата (н.з. предложена е за уставен судија) за извршителот Добрила Кацарска во овој нечесен начин на мафијашко владеење во кој ист човек е шеф на владата но истовремено и на судот, обвинителството како и на поголем дел од медиумите.
При нарачката за денешната пресуда воопшто не му грижа што неговото обвинителство немаше ниту еден елементарен доказ дека обвинетите ниту реално нарачале, ниту организирале ниту се случило насилство. Ниту му е грижа што судијата беше принуден да не прифати ниту еден сведок предложен од мене додека бев во Македонија, или подоцна од адвокатот кој судот ми го назначи по службена должност. Ниту еден! А на обвинителството сите до еден сведоци се прифатија. Најголемото обвинување од сведоците, кои беа всушност советниците на општината Центар од СДСМ од тоа време, беше дека не ме виделе таму ама го чуствувале мојот дух. Чуствувале дух! “, пишува Груевски. Целиот статус прочитајте го во продолжение (со клик на See more):