„Факт е дека таа документација доживеа стравотна модификација и компромитирање и сето тоа се случува по моето лишување од слобода”, сведочеше, меѓу другото (прочитајте ТУКА), денеска екс-разузнавачот Зоран Верушевски за масовното прислушување во предметот „Таргет Тврдина”.
Овој дел од сведочењето со раширени раце го пречека екс-премиерот во бегство/азил во Будимпешта – Никола Груевски. Во долгиот Фејсбук пост Груевски оцени дека ова било „најголемата бомба“ од сите досега објавени, како и дека сведочењето на Верушевски е доказ дека власта на ВМРО-ДПМНЕ навистина се рушела со „сечени, лепени и монтирани“ снимки. Груевски напиша:
„ДЕНЕС ОДЕКНА НАЈСИЛНАТА БОМБА!!! ВЛАСТА ЈА РУШЕЛЕ СО МОНТИРАНИ СНИМКИ!!! Полека, но сигурно вистината испловува на површина… Кога се појавија “бомбите” во 2015 година објавивме дека не се автентични и целовити односно дека отпосле во нив се вршеле интервенции. Медиумите, новинарите, аналитичарите и хејтерите кои го подржуваа СДСМ се мајтапеа со фразата “сечени, лепени, прелепувани и монтирани”. Можеби од маркетиншки аспект тие изрази не беа најдобро избрани, но беа вистината.
Мислам, дека и голем дел од неутралните, а дел и од нашите подржувачи, или кратко кажано дел од јавноста, со сомнеж гледаа на тие наши соопштенија и изјави. Денес тие кои ги подготвуваа и лансираа истите, јавно, во медиуми, дел од нив и во суд го потврдуваат тоа. Знам дека на дел од таа јавност не и беше доволно кога ние го тврдевме истото. “Не и се вклучи сијалицата” ни кога судиите, како никаде во светот го одбија нашето барање, самиот суд да ангажира вештаци и да се изврши вештачење на автентичноста, веродостојноста и особено целовитоста на нелегално прибавените аудио снимки.
Нели е малку чудно, да имаш нелегално прибавени докази, кои си ги добил како копии, а не како оргинал и да не сакаш, ниту да побараш да се споредат со оргиналот за да се увериш дека нема манипулација, ниту на тој начин да се вештачи нивната целовитост, автентичност и веродостојност. Самиот сведок на СЈО, Ѕвонко Костовски во судот кажа дека ги “копирал” на ЦДа и ги испорачувал понатаму. Кој нормален судија во светот особено за вакви случаи би си дозволил таков пропуст, освен уценет, заплашен или притиснат судија од режимот на власта? Кога ние самите како неправедно обвинети ангажиравме лиценциран вештак за ваков вид проблематика и извештајот го доставивме до судијаката Кацарска, таа одби да го прифати како доказ, како што одби таа самата по нејзин избор да ангажира таков вештак, кого сака. Нели тоа беше чудно?
Потоа, веројатно по некоја грешка или момент на слаба концетрација од секојдневно преслушување аудио матерјали, на оној Ел Чека кој не крие дека неизмерно ме мрази, му излета една снимка од разговор кој траеше околу 12 минути, а поврзана со случајот Мартин Нешковски и од кој за разлика од кратениот и монтиран разговор кој го пушташе Заев, јасно се разбира дека воопшто не сме сакале да прикриваме yбиcтво. Напротив, обратно е. Но и тоа, за многу луѓе не беше доволно. Следуваше изјавата на Заев, кој правдајќи го претходното од Ел Чека, јавно си призна дека разговорите кои ги добил биле долги, па тој морал да ги крати. И така, при кратењето, на пример во онаа за Мартин Нешковски, наместо народот да разбере дека сме правеле се што било во наша моќ и не сме се согласувале со прикривање, тој народ слушајќи ја “вешто скратената”верзија на Заев се собра пред владата со желба да нѐ линчyвa, па притоа 40 полицајци завршија во бoлницa, а ниту еден од оние кои ги нaпaднaa.
И сега конечно, помалку неочекувано, за многумина “неверници и оние кои свесно одбиваат да веруваат” дојде сведочењето на Зоран Верушевски, во кое тој самиот кажува дека аудио снимките биле сериозно сменети, или како што кажа “модифицирани и компромитирани” од оние кои тој му ги предал на Заев. Е ова е “бомба”. Поголема од сите досега. Ова е најсилната “бомба”!!!“, пишува Груевски. Остатокот од постот прочитајте го со кликнување на „See more“: