Екипа на унгарскиот 24.hu го лоцирала и снимила Груевски додека ручал во скапиот ресторан „Café 57“ во еден од најбогатите делови на Будимпешта, во друштво на уште едно лице.
На излегување Груевски ги избегнал новинарите и набрзина влегол во возило со затемнети стакла со свој личен шофер, одбивајќи да одговори дали Унгарците му помогнале да избега од Македонија.