Груевски следниве шест месеци ќе зема плата помала за 3.000 денари

На вонредната координација на собранискиот спикер Талат Џафери и потпретседателите на парламентот и претседателите на пратеничките групи, утврдено е дека во моментов нема услови за да му се одземе пратеничкиот мандат на Никола Груевски.

Меѓутоа, како што предвидува и Деловникот за неоправдано отсуство подолго од три дена, одлучено е во следните шест месеци Груевски да зема плата помала за 5%, т.е. помала за околу 3.000 денари.

По истекот на шесте месеци, мандатот на Груевски повторно ќе биде доведен под знак прашање, бидејќи причина за одземање на истиот, според Деловникот, може да биде и шестмесечно неоправдано отсуство на пратеник. Сепак, според членот 65 во Уставот, и тогаш ќе биде потребно двотретинско мнозинство во парламентот.

 

- Реклама -