Груевски шетка низ Будимпешта (ФОТО)

На социјалните мрежи и по речиси сите македонски и дел од унгарските медиуми се шири фотографија која го прикажува осудениот Никола Груевски за време на прошетка низ центарот на Будимпешта. Не се знае кога е направена, но локацијата лесно може да се утврди (кредитс МКД.мк) од името на бутикот зад Груевски – Retrock Designer Vintage Store, кој се наоѓа токму во центарот на Будимпешта.

Се појавија и шпекулации за човекот зад него, кој на многумина им личи на Александар Трајковски – еден од обвинетите за случајот „Насилството во општина Центар“ и советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба. Тој за „Макфакс“ вели дека се работи за грешка, што и да значи тоа, но не сака дополнително да ја коментира автентичноста на фотографијата.

 

- Реклама -