Груевски не ја напуштил Македонија преку некој од граничните премини

Експремиерот Никола Груевски територијата на Република Македонија не ја напуштил преку некој од официјалните гранични премини, открива државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА.

„Сослушани се и сведоци, но за да не наштетам на предистражната постапка други детали не можам да откривам“, вели тој, истакнувајќи дека Обвинителството продолжува да работи на обезбедување на докази, како по домашен, така и по меѓународен пат, од надлежните органи на Албанија и Црна Гора. Добиени се снимките од безбедносните камери на патиштата, наплатните рампи, граничните премини, како и околу домот на поранешниот премиер, додава Јовески.

- Реклама -