Поранешниот премиер Никола Груевски, на својот Фејсбук профил, попладнево, во пресрет на мечот на македонската фудбалска репрезентација против Италија на националната арена „Тоше Проески“, се надоврза на критиките на италијанскиот репрезентативец Чиро Имобиле за состојбата на теренот. За разлика од Имобиле, Груевски ја критикуваше власта.
„Играњето на ваков терен може да биде опасно. Знаевме дека ќе биде тежок натпревар, но на овој терен станува уште потешко“, беше цитиран Имобиле од Italian Football TV, кои покрај изјавата објавија и видео од „тревата“ (*недостатокот на трева) на Градски.
„Тревата на стадионот не се способни да ја одржуваат. Ни се чудат италијанците… А народот реформи, ЕУ, подобар стандард и подобар живот чека…“, напиша Груевски на Фејсбук, споделувајќи го твитот на Italian Football TV.
Груевски направи и паралела меѓу состојбите кај нас наспроти Унгарија.
„Тука каде сум само во последните 4-5 години какви ли не европски или светски првенства се организираа во фудбал, ракомет, ватерполо, пливање, пинг понг, атлетика итн. Што ли не изградија. Овие нашиве 10 декари земја се неспособни да одржуваат“, додаде Груевски.
“Playing on a pitch like this could be dangerous. We knew it was going to be a tough game but on this field it becomes even tougher.” – Ciro Immobile
Via @franvanni
— Italian Football TV (@IFTVofficial) September 8, 2023