Експремиерот во азил/бегство во Унгарија – Никола Груевски, бил фотографиран на Меѓународниот аеродром Ферихеги во Будимпешта, објави денеска порталот „MKDnews“ откако фотографијата им ја испратил редовен читател.
На фотографијата Груевски очигледно е во друштво на други луѓе, но не се знае дали тој го напуштал Будимпешта, или испраќал пријателите кои му биле на гости, пишува порталот.