Има нешто посебно во Унгарија што ја инспирира писателската душа. Еве, нека ви потврди експремиерот Никола Груевски, кој вчера на Фејсбук се пофали дека денеска излегува од печат неговата нова книга – „Искуства за иднината“.
Како што пишува самиот Груевски во авторскиот предговор, се работи за неговиот докторски труд на тема: „Економските ефекти на различните видови на меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“. Истиот, Груевски го одбрани на Економскиот факултет во Скопје, на 6 јули 2018 година, откако во мај истата година падна првата пpecуда од 2 години затвop за случајот „Тенк“.
Ова меѓутоа, не му е прва книга. Како што пишува во биографијата на Груевски во „Искуства за иднината“, тој веќе е автор на една книга – насловена „Кон излезот-странските директни инвестиции, економскиот развој и вработеноста” (2007), а е коавтор и на втора – насловена „Македонската економија на крстопат“ (1998).
Како што пишува порталот „Бриф“, Груевски го дели уште половина, односно уште една книга до исполнување на условите за влез во Друштвото на писателите на Македонија, на чиј последен конкурс е наведено дека писателите кандидати мораат да имаат напишано барем три книги.