Груевски: Денешното одбележување на раѓањето на Гоце Делчев има особено значење

По повод 148-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев, денеска на Фејсбук се огласи и експремиерот во азил – Никола Груевски.

„Денес е 4. фебруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, една од најавторитетните и најмаркантни фигури во македонското револуционерно движење и воопшто во македонската историја.

Тој својот живот го посвети и жpтвyва за слободата на Македонија. Повеќе од еден и четвртина век Гоце Делчев е инспирација, мотивација и водилка на милиони Македонци од различни генерации во земјата и дијаспората, од неговото време па до денес“, пишува Груевски.

„Гоце Делчев е и нај авторитетниот стратег на организацијата во своето време. Тој истовремено секојдневно е и на теренот меѓу народот и меѓу борците организирајќи ги четите. Посветен и на собирањето на оружје и на создавањето на уставот и правилата на дејствување на организација.

Директно и непосредно работи на кревање на борбениот и слободарски дух на народот одејќи од едно во друго населено место ширејќи ја идејата за слободна Македонија.

Денешното одбележување на овој ден има особено значење заради актуелните наметнати договори, притисоци и уцени во правец на промена на историјата и идентитетот на македонскиот народ“, додава Груевски.

Во постот, експремиерот ги пофали и излагањата на историчарите на вчерашната трибина на Социјалистичката партија на Македонија. Посебно го издвои излагањето на универзитетскиот професор по историја – д-р Никола Жежов, чија специјалност е современата историја и проучувањето на македонското револуционерно движење.

„Се согласувам дека денешните притисоци, yцeни, негирања, сервилност, наметнатите договри и марионетски влади, пpиcилни промени со користење на највaлкaни и најгнacни методи, само ќе го зајакнат македонското нациoнaлно чувство и припаднocт. Ништо не е загyбено додека го носиме длабоко во нас и веруваме во тоа. Македонското прашање ќе се затвори само тогаш кога тоа ќе биде во полза на Македонците“, додаде Груевски.

ФОТО: Груевски положува цвеќе на гpoбот на Гоце Делчев, 2011 година

- Реклама -