„Денес, во отсуство на премиерот Заев кој беше во Собраниe да учествува на седницата за избор на заменици министри, за прв пат претседавав со седница на Владата“, се пофали вчера првиот вицепремиер Артан Груби по петтата владина седница.
Како што напиша Груби на Фејсбук, на седницата биле разгледани многу точки и биле донесени важни одлуки.
Во постот, Груби сподели неколку фотографии од за него очигледно важниот момент.