Гром удри на плажа во Италија, повредени се најмалку три лица

Одделот за цивилна заштита денеска предупреди за нестабилни временски услови во централна Италија, со повремени грмежи

Најмалку три лица се повредени денеска, од кои едно потешко, кога гром удрил во преполна плажа на италијанскиот јадрански брег, јавуваат странските медиуми.

Гром удрил на плажата во близина на Алба Адриатика, во централно-источниот регион Абруцо, нешто по пладне, а како што јави италијанската новинска агенција АНСА, една од жртвите била пренесена со хеликоптер во блиската болница.

Одделот за цивилна заштита денеска предупреди за нестабилни временски услови во централна Италија, со повремени грмежи.

- Реклама -