Родео кловн од Тексас за вистинско чудо преживеал два удари на гром во исти ден.
Кејси Вагнер (31) учевствувал на трките „чудовишта-камиони“ во Сент Џоу, Тексас, кога започнала олуја. Се сокрил под дрво, каде го удрило гром.
– Се сеќавам само на силниот звук, а ударот ме фрли на колена. Потоа повторно ме удри нов гром, а насекаде имаше искри, изјави Вагнер за CBS.
Тој додава дека почувствувал како електрицитет поминува низ неговата десна нога и влегува во телото.
Вагнер по ударот бил згрижен од страна на една медицинска сестра која исто така ги следела трките. Таа веднаш го одвела во болницата Након, оддалечена неколку километри од местото на случувањата.
Лекарите му рекле дека чувството на пецкање ќе помине за околу недела дена.
Вагнер смета дека во животот му останува една работа – верата.
– Се му должам на Бог, тој е оној кој ме одржува во живот. Можам да ви кажам уште нешто, дека почето ќе одам во црква, заклучува тој.
[youtube]http://youtu.be/KoergaapAks[/youtube]