На дното на Атланскиот Океан, недалеку од ирскиот град Донегал, на длабочина од речиси 70 метри, се наоѓаат најнеобични останки, кои сведочат за една етапа од човечката историја.
Наместо, како што би се очекувало, на дното на океанот да лежат бродови и подморници, тука се наоѓаат тенкови.
Американските тенкови „Шерман“ од Втората светска војна, биле дел од испорака на вооружените сојузнички трупи во Европа пред крајот на најголемата војна во историјата на човештвото.
„Шерман“ завршиле на дното откако на 8 септември 1944 година, германската подморница го торпедирала бродот „СС Емпаер Херитиџ“, при што загинале 133 лица.
Бродот потонал откако еден од членовите на екипажот побарал помош, а Германците го потопиле и спасувачкиот брод „Пинто“, кој се наоѓал во близина кога тргнал да ги спаси војниците. На дното на океанот денес се наоѓаат потонатите тенкови, како сведоштво за трагедијата.
Ѕирнете во длабочините на океанот.