Големата концентрација на озон во воздухот ги поттикнува луѓето да практикуваат два до три пати повеќе секс.
Дали сте забележале дека кога врне, вие се вовлекувате кон прегратките на партнерот? На Меѓународниот конгрес на озонотерапија во Берн беше презентирано научно објаснување на тоа.
Како одговор на прашањето, што е она најново што го научи човештвото за дождот, професорот д-р Михаел Взелман одговара дека не станува збор само за дождовите, туку за поројните врнежи со електричните празнења кога во атмосферата се формираат единствени озонски фронтови кои ги „обновуваат“ кислородните молекули. Медицината користи воспалителни и бактерицидни својства на озонот веќе речиси 30 години, а за тоа дека нивната концентрација во воздухот влијае на сексуалната функција, досега никој не се сомневал.
„Оваа хипотезата наиде кога го анализиравме наталитетот во планинските области во Швајцарија – тука 40% од луѓето се родени во јануари, односно тие биле зачнати кон крајот на април или во мај“, вели тој.
Взелман додава дека виновник за високата стапка на наталитет е озонот.
„ Ние откривме дека синџирот на пренос на озонските соединенија движи од белите дробови во крвта, а завршува во хипоталамусот – мозочниот центар, кој ја диктира сексуалната желба, конкретно либидото. Можностите се такви што за време на грмењето кога озонот се ослободува активно, желбата станува толку силна што на луѓето не им е дојдено до контрацептивни средства. Во повеќето невремиња во текот на годината бројот на сексуалните акти се зголемува два-три пати“, додава тој.