Новиот студиски албум на бендот Green Day нема да биде стандардно издание, туку ќе биде пуштен во продажба во облик на трилогија. Првото издание ќе излезе во септември, второто во ноември, а третото во јануари, 2013 година.
Пакетот со албуми е насловен ¡Uno! ¡Dos! ¡Tré!, соодветно на концептот од три носачи на звук кои комплетираат една целина. Трилогијата веќе може да се нарача на официјалниот сајт на рок-групата greenday.com.
Green Day моментно се подготвуваат за нова светска турнеја, а мјузиклот American Idiot, кој е адаптација на нивниот истоимен албум, веќе патува низ светот.
{youtube}0Yi-LvnM_5M{/youtube}