Грчко државјанство можете да добиете за „само“ пар милијони евра

Во обид да се привлечат странски инвестиции во Грција, грчката влада планира да ги следи другите европски земји со воведување нови стимулации за инвеститорите.

Тие вклучуваат и понуда за државјанство за сите оние кои ќе купат недвижнини во вредност од најмалку два милиони евра, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Планот предвидува, потенцијалните инвеститори кои ќе се квалификуваат за грчко државјанство мора да добијат постојан престој и да имаат дом вреден најмалку 500,000 евра и минимум 50,000 евра на годишни трошоци за одржување на имотот.

Овој план се случи кога многу инвеститори надвор од Европската унија бараат нови дестинации за купување недвижнини поради Брегзит.

Покрај тоа, грчката влада исто така ја испитува можноста да ги потикнат физичките и правни лица да ја изберат Грција како место каде ќе се оданочуваат нивните приходи.

- Реклама -