Во рамките на Неделата на франкофонски филм, „Март, месец на франкофонијата”, утре, на 22 март, ќе биде прикажан грчкиот филм „Евтихија“ на режисерот Ангелос Франџис.
Проекцијата на филмот ќе се одржи во Кинотеката на Северна Македонија во 20 часот, а влезот е бесплатен.
Филмот “Евтихија” е инспираран од турбулентниот живот на една неконвенционална личност со силен темперамент, текстописецот Евтихија Папајанопулу, која преку своите текстови и соработката со најзначајните грчки композитори, како Василис Цицанис и Манос Хаџидакис, создаде некои од безвременските грчки песни.
Филмот “Евтихија” во 2020 година беше награден со 8 награди од Грчката академија за кинематографија и беше топло прифатен од публиката.