Грчката полиција добила пораки за поставени бомби на три локации во Атина – утврдено е дека дојавите биле лажни

Предупредувањето за поставени бомби се однесувало на болницата КАТ во северното атинско предградие Маруси, суд, како и на метростаницата „Синтагма“

Грчката полиција во Атина добила мејл со предупредување дека се поставени бомби на неколку локации во градот. Предупредувањето за поставени бомби се однесувало на болницата КАТ во северното атинско предградие Маруси, суд, како и на метростаницата „Синтагма“, пренесува грчкиот портал „Екатимерини“.

Мејлот, како што пренесуваат грчките медиуми, бил напишан на англиски јазик и бил испратен во 7:20 часот.

По дојавата за поставени експлозивни направи зградата на судот била евакуирана. На возовите од метрото им било наредено да не запираат на станицата „Синтагма“ која привремено била затворена, но набрзо била вратена во функција.

Експертите за отстранување бомби, пишува „Екатимерини“, биле распоредени на сите три локации и утврдиле дека дојава е лажна. Одделот за сајбер криминал на полицијата, пак, продолжува да го истражува потеклото на е-поштата.

- Реклама -