Грчка офанзива за енергетските сектори во земјава

По тендерот за Чебрен, каде грчкиот конзорциум Архидрон каде што носечка компанија е грчкото електростопанство ППС, продолжува интересот за влез во бизнисот со електрична енергија. На тендерот за универзален снабдувач кој во следните пет години ќе ги снабдува со струја домаќинствата и малите потрошувачи, интерес пројавува и компанијата ЕДС, која беше во сопственост на бизнисменот Кочо Анѓушев, но кога тој стана вицепремиер ја продаде на грчки ППС. Сега оваа компанија е заинтересирана и за конзумот што досега го имаше ЕВН Хоум односно домаќинствата и малите потрошувачи. Тендерот за универзален снабдувач е во тек и кој ќе ги снабдува домаќинствата ќе се знае идниот месец. Изборот ќе падне на компанијата која ќе понуди помала профитна маржа од 11,5 %.

Интересот на грчките компании за инвестиции во енергетскиот сектор е разбирлив особено имајќи предвид дека сед работи за соседна земја со која имаме енергетско поврзување. Истовремено Грција има потреба од електрична енергија, бидејќи и покрај инвестициите во обновливи извори земјата се уште увезува струја. Најголеми потрошувачи на струја се домаќинствата со околу 35%, а потоа е грчката индустрија со 24%.

- Реклама -