Грчева: Европо, доаѓаме!

Пишува Солза Грчева за „Вечер“

И навистина забрзано трчаме кон Европа. Со автобуси, со коли, со Wizz Air, ако треба и пеш. По девет автобуси од само еден град во Источна Македонија. Се млади и способни за работа. Од Сарај, од Центар Жупа, од Битола, од каде не. Цели еснафи се со спакувани куфери. Во Гете институтот во Скопје, се бара место повеќе за учење германски. Медицински сестри, стоматолози, доктори веќе нема да има ниту за лек. Како и да има, кога државата полно од нив ги доведе до граница на преживување. Со сите можни ветувања и реформи, нема достоинство ниту пари за најбараните струки. Се што не е дел од партиската војска распослана во администрацијата, се евакуира. За секогаш.

Не знам зошто толку им се брза кога еве сега, само што не сме добиле ДАТУМ. Неговото височество, ДАТУМ. Влезница во рајот. Уште една имагинација, уште едно шарено лижавче за наивните, уште една празна фраза со која ќе ги полнат устите профитерите. Точно истите оние кои кога навистина овде би била Европа, или поточно ЕУ, не би потонале во богатствата во кои се дават и не би имале функции какви што имаат. Оние сеачи на магла, кои не само што ништо добро не направија за народов цели 3 децении, туку до коска го ограбија. Сега се први оптимисти дека кога ќе сме добиеле ДАТУМ, одеднаш ќе станеме правна држава, ќе имаме независни институции, мала и професионална администрација, дека нема да има ваква корупција. Како самовилата во Пепелашка. А зошто не досега? Кој им смеќаваше? И кој им е крунскиот аргумент? Дека ЕУ ќе не надгледувала, или модерно кажано по нивниот тазе усвоен речник, ќе не мониторирала. Значи ние и натаму ќе се глупираме, ќе си играме судство и парламент, ќе си вработуваме роднини и пријатели, ќе ги ограбуваме и понатаму нивните и наши фондови, ама сега Европа будно ќе не надгледувала. Поглупав аргумент не сум чула. Европа нема намера, ниту ја интересира од нашето училиште за деликвенти да направи Сорбона. Токму затоа, и само затоа, не сакаат да влеземе во нивно друштво. Ако пак дадат датум, кој насаден на оваа почва нема да роди ништо, тоа ќе биде само политичка одлука. Ништо друго. А од датум не се живее, туку од работа и знаење кое го нема… Колумната продолжува ТУКА.

- Реклама -