Граѓаните од Манчестер два месеци без Ричардс

Мика Ричардс го очекува пауза од околу два месеци од фудбалските терени по повредата што десниот бек на Манчестер Сити ја заработи во самиот финиш од натпреварот со Свонси.

Десниот бек на „Граѓаните“ мораше на носилки да биде изнесен по незгодната повреда на коленото, по што се стравуваше дека станува збор за кинење на лигаментите и пауза до крајот на сезонава. Сепак, деталните лекарски прегледи покажаа дека повредата не е толку сериозна, па по извршениот оперативен зафат Ричардс за околу два месеци ќе може да го има својот кам-бек на терените.

Најновата повреда ќе донесе уште едно разочарување за младиот дефанзивец, кој штотуку се врати на терените по долга пауза, а сега одновно ќе мора од трибините да ги следи натпреварите на својот тим. Дополнителен проблем за менаџерот Роберто Манчини претставува бавната рехабилитација на Давид Силва, кој сигурно нема да настапи на неделниот премиерлигашки меч со Вест Хем.

- Реклама -