Во казахстанскиот главен град Астана моментално растат илјада стебла марихуана, а верувале или не, истите ги засадиле градските власти.
Посрамените локални челници во Астана сега истражуваат зошто илјадниците стебла на марихуана се нишкаат во градските паркови, каде логично би требале да се наоѓаат „коректни“ цвеќиња.
Билките ги открил еден од жителите на Астана, кој бил привлечен од необичниот мирис. Михаил Малород, кој ја открил грешката во главниот град вели дека едноставно не можел да поверува дека ова се случува.
„Шетав на улица кога забележав многу убаво и необично цвеќе“, вели тој.
Истрагата е насочена кон службата која е задолжена за зеленило и уредување на парковите во Астана.
„Покрената е истрага. Ако навистина се работи за марихуана како што се наведува на социјалните мрежи, веднаш ќе ја остраниме од јавниот простор. Моментално не сме сигурни кој ги засадил овие билки, но истрагата е во тек“, соопштил портпаролот на службата за уредување на јавните паркови.