Градови на духови: Последиците од „градежниот бум“ во Шпанија (галерија)

На крајот на 21-т век, во Шпанија ништо не беше невозможно. Ниту еден градежен проект не беше преголем, претежок или прескап. Со големите кредити од германските банки и парите што дарежливо се слеваа од фондовите на Европската Унија, шпанските политичари ја прошараа шпанската територија со предимензионирани урбанистички планови и модерни (за тоа време) инфраструктурни проекти.

Градежништвото важно цветаше, а тоа дали проектите беа неопходни или економски исплатливи речиси и да не воопшто важно. Во пикот на таквата економија, во 2006 година, во Шпанија беа изградени повеќе куќи од Франција, Германија и Велика Британија заедно. Шпанија ја имаше и најдолгата автопатна мрежа во Европа, и втората најдолга брза железница во светот. Со еден збор, Шпанија изгледаше на земја во која тече мед и млеко, а економскиот раст немаше горна граница. Светот сведочеше „шпанско чудо“.

Кога реалноста конечно ги покажа забите во 2007 година, се виде дека урбанизираната површина на Шпанија се зголемила за шокантни 52% во само 18 години, додека територијата остана прошарана со инфраструктурни проекти, ама овојпат целосно напуштени. Авиони без патници, автопати без автомобили, болници без пациенти… Плус, 2 милиона куќи во кои никој не сакаше да се всели. Сето тоа со пари од идните генерации.

 

Тоа што беа горди споменици на економскиот успех, сега станаа засрамувачки доказ за политички систем карактеризиран од лошо планирање, бесмислени инвестиции и широко распространета корупција. Систем во кој, од локално па до национално ниво, наместо од општо добро, премногу од важните одлуки биле водени од лични интереси и непопуларни политички агенди. Токму тој систем ја фрли Шпанија во нејзината најлоша економска криза од почетокот на демократијата.

И денес политичкиот естаблишмент не покажува многу знаци дека се опаметил од грешките. Од 2008 година, Шпанија е главен примач на заеми од Европската инвестициска банка, со добиени 68 милијарди евра, од кои повеќе од половина се инвестирани во нови инфраструктурни проекти. Се планираат нови мегапроекти низ Шпанија, а и покрај видливо малата побарувачка/потреба, се продолжува и со експанзија на автопатната и железничката мрежа, како претходно ништо слично да се нема случено. Сé тоа со надеж дека градежништвото уште еднаш ќе ја поведе шпанската економија.

Во меѓувреме, последниве месеци постојат одредени економски индикатори дека шпанската економска криза го достигнала самото дно. Со невработеност од 24%, опоравувањето нема да биде лесно. А ако Шпанците не научат како да бараат одговорност и одговорно однесување од нивните политичари (ситуација што ептен ни е позната и нас), Шпанија несомнено е на пат да ги повтори грешките од минатото.

А нив ќе ги видите во продолжение, преку објективот на наградуваниот шведски фоторепортер Марк Фемениа.

- Реклама -