Њујорк стана првиот поголем град во Америка кој ги прогласи социјалните мрежи за „опасност за јавното здравје“, соопшти градоначалникот Ерик Адамс.
– Препознавајќи ги опасностите што социјалните медиуми ги претставуваат за младите луѓе и нивното ментално здравје, комесарот за здравство и ментална хигиена на градот Њујорк, д-р Ашвин Васан издаде совет од здравствениот комесар во кој го идентификува неограничениот пристап до социјалните мрежи и нивното користење како опасност по јавното здравје, исто како што претходно беше направено со тутунот и огненото оружје, рече Адамс во своето годишно обраќање.
Тој ги повика компаниите кои се сопственици на социјални мрежи „да не поттикнуваат криза на менталното здравје“, особено кај младите.
– Социјалните мрежи како ТикТок, ЈуТјуб и Фејсбук ја поттикнуваат кризата со менталното здравје со дизајнирање на нивните платформи со заразни и опасни карактеристики, рече Адамс.
Тој нагласи дека не може да дозволи „да стои на страна и да дозволи големите технолошки компании да заработуваат од приватноста на децата и да го загрозат нивното ментално здравје.