Градникот на Џенифер Лоренс продаден за 3000 долари

Веднаш откако го доби Оскарот и падна на свечената церемонија, порасна популарноста на младата актерка Џенифер Лоренс, па така и нејзиниот градник беше продаден за 3000 долари.

Продуцентите на филмот „Silver Linings Playbook“, одлучија да го стават на аукција градникот кој Лоренс го носеше во филмот, а овој моден додаток на сајтот на Нејт Сендерс достигна цена од 3.175 долари.

„Мислевме дека ќе успееме да го продадеме градникот за 500 до 1500 долари, со обзир на тоа што сите ја обожаваат Џенифер, но ова беше навистина неочекувано“, изјавил Сандерс.

Покрај градникот, на аукцијата се нашле уште многу други облеки од филмот.

- Реклама -