На добротворната вечера amfAR Inspiration Gala во Лос Анџелес се појавија многу познати лица.
Многумина од нив покажаа дека се вистински добродетели, а некои дами дошле да покажат нешто друго.
Мајли Сајрус и пејачката Ријана ги „светнаа“ сите присутни со деколте од кое застанува здивот. Мајли била облечена во црн фустан, но најголемо внимание привлекло горниот дел, кој се состоел од проѕирен материјал и лента која ги покрива само нејзините брадавици, пишува Daily Mail.
Ријана одлучила да носи бел долг фустан со висок шлиц, но и во овој случај, сите очи биле насочени во нејзиното деколте бидејќи градите ги сокрила само со дијаманти.
ДОбротворниот настан го посетиле и други познати ѕвезди, како Гвинет Палтроу, Алесандра Амбросио, Роус МекГован, Леа Мишел, Мила Јововиќ и многу други.