Запознајте се со отровната градина – навидум идилично место во Англија, кое содржи повеќе од 100 различни вида отровни растенија, пишува Science Alert.
Меѓу нив е и едно кое ја извршува улогата на неверојатен афродизијак … точно пред да ве убие.
Алнуик Гарден несомнено е една опасна атракција. Таа е основана во 1750 година и во моментов е управувана од аристократско семејство.
Уште поинтересно е што во 1995 година градината била подложена на реновирање и со помош на познатиот белгиски градинар Жац Вирц таа навистина се претворила во нешто уникатно.
Наместо традиционални растенија, сега внатре се засадени 100 отровни кои можат да предизвикаат ужасни нешта кај луѓето, дури и само ако ги помирисате. Меѓу нив е отровната ловорова ограда, која што емитува токсични материи, кои пак, предизвикуваат опојно и успивачко дејство кај луѓето. Друго растение е Brugmansia, познато со невиното име Ангелска труба што во принцип живее во Јужна Америка. Во мали дози може да предизвика ефект, сличен со оној на LSD, но исто така лесно може и да убие. Смртта од него е еуфорична и речиси безболна.
Посетителите на отровната градина задолжително се предупредуваат да не мирисаат, допираат или вкусуваат ништо.