Говорот на Селмани: Не им се плашам на насилниците

Повод за протестот се заканите и навредите упатени кон претседателот на Здружението на новинари од страна на висок функционер на ДУИ и неговиот брат, но и непостапувањето на надлежните институции

Стотици новинари денеска излегоа на протест пред Владата на РМ, под мотото „Сите сме копилиња“, за да го изразат својот револт од инертноста на надлежните институции и Владата околу заканите и навредите кои беа упатени кон претседателот на Здружението на новинари (ЗНМ) Насер Селмани од стана на Беќир Асани, висок функционер на ДУИ и неговиот брат.

Една недела по пријавувањето на заканите од Обвинителството нема никаков конкретен чекор а Владата само штуро ги „осуди нападите и заканите“ без да побара никаква одговорност од ДУИ за постапките на нејзиниот функционер.

Затоа денеска новинарите порачаа дека притисоците и заканите врз новинарите веднаш мора да запрат и дека сличните испади и инциденти понатаму нема да се толерираат.

Еве го излегувањето на Насер Селмани

https://www.facebook.com/a1onmk/videos/1629398500469074/

Еве го и интервјуто … (14 минута)

Протестот

- Реклама -