Да не излезе сега дека го споделуваме ова тенденциозно за да ја хејтаме дијаспората и нивната загриженост околу промената на името, ама ова е ептен лош тајминг на Фејсбук страната „Македонска австралиска гордост“ за ваков гаф.
Зборуваме за постов, објавен со текст: „Кога во вецето го имаш Гоце Делчев“. Само што, ова не е Гоце Делчев.
Утешно во целава работа е што веројатно сликава е земена по грешка некаде од интернет, што значи дека, фала богу, нема Македонец во Австралија со вака кич веце.