Гоца Тржан итно е оперирана

Пејачката Гоца Тржан вчера итно морала да оди под нож.Гоца Тржан е оперирана вчера во Белград. Таа во офтамолошката клиника морало да ѝ се отсрани атероми кои ѝ се појавиле под окото. Како што почнале да растат и станувале болни, Гоца одлучила да ги отстрани со операција.

Интервенцијата поминала релативно лесно, а Гоца е пратена на домашна нега, пишуваат српските медиуми.

Таа се пожалила дека многу ја боли оперираниот дел и дека ја иритира, но таа уште утре ќе се чуствува подобро.

Атеромите се бениген израсток на кожата и поткожното ткиво кое настанува од зголемено лачење на лојните жлезди и оформување на капсула околу одредена соджина на масти. Атеромите се сместени во последниот слој накожата- дермисот, па исто така познати се под името кожни цисти.

- Реклама -