Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ

Гостиварецот Гоце Димовски ќе раководи со Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ). Тој е назначен на директорската функција на денешната седница на Владата.

Димовски е претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Гостивар и член на општинскиот совет. Во неговата биографија стои дека додипломски студии има завршено од областа на бизнис администрацијата и инженерските науки, магистрирал бизнис адмнистрација (МБА) на Универзитетот на Југоисточна Европа, а докторирал на тема “Улогата на странските директни инвестиции во перформансите на малите и средни претпријатија во Република Македонија”.
На Лондонската школа за бизнис и финансии во Лондон, Обединетото Кралство, Димовски успешно ја има завршено програмата Executive Education, додека на Европската сертификациона и квалификациона асоцијација во Виена, Република Австрија, ја има завршено програмата за проектен менаџемент, каде што се стекнува со звање – Сертифициран проект менаџер. Воедно, Димовски поседува обуки и професионални надградби на различни образовни институции како што се Јапонската меѓународна агенција за соработка во Јапонија, Метрополитен школа за бизнис и менаџмент во Обединето Кралство и други.
Гоце Димовски има деловно искуство во различни институции и компании како што се ОБСЕ-ОДИХР, Министерство за транспорт и врски, Национален Парк “Маврово”, Совет за јавните набавки на Македонија, Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје, Пелагонија АД Гостивар, Министерство за финансии – Проект за подобрување на општинските услуги (МСИП и МСИП2) финансиран од Светска Банка, Коленко ДООЕЛ Скопје претставништво на Коленко ГМБХ Германија, ЦРППР – Проект за стратешко планирање, истражување, развој на студии и креирање на пакет проекти за регионален развој на Полошкиот регион (iCARE) и Совет на Општина Гостивар.
 

Извор