Гостиварец лишен од слобода заради кражба на велосипед

На 15 јули 2024 година, во 20:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 65-годишниот Р.М. од Гостивар поради основано сомнение дека извршил кражба на велосипед.

Украдениот велосипед бил пронајден кај Р.М. и вратен на сопственикот. Осомничениот е задржан во полициската станица, и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор