Гостиварец лишен од слобода поради напад врз полицаец

СВР Тетово информира дека вчера (18.10.24 година) околу 19.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 43 годишниот гостиварец Б.Б., кој агресивно се однесувал кон нив и физички нападнал полициски службеник додека преземале службени дејствија.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, наведуваат од полицијата.
 

Извор