СВР Тетово информира дека вчера (12 септември) во 17.15 часот во ОВР Гостивар 38 годишната А.П. од Албанија, со регулиран престој во Гостивар, пријавила дека околу 16.00 часот, додека се движела по булевар „Гоце Делчев“ во Гостивар, била нападната од кучиња скитници.
Според пријавеното, жената при обид да избега, паднала на тротоарот, при што се здобила со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Гостивар.