Ноќеска во 1 и 20 по полноќ во ОВР Гостивар, 25 – годишна девојка од Гостивар и нејзиниот 63 – годишен татко пријавиле дека претходниот ден во 22.30 часот биле физички нападнати од нејзиниот поранешен партнер Ф.Н.(28) од Горјане. Полицијата соопшти дека лицето бил приведено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера (14 јуни) во 22.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле И.И.(70) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава дека во зедничкиот двор во селото со остар предмет се заканувал на неговиот 42 – годишен внук од брат. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, извести полицијата.
Исто така, вчера, во 11.25 часот во ОВР Гостивар, М.Х.(47) од Дебреше, гостиварско, пријавил дека претходниот ден во 11.15 часот на Автобуска станица во Гостивар бил физички нападнат од Н.З..