Рајан Гослинг нападнал фотограф зошто ја нарекол девојка му „бејби“

Жените ширум светот го обожаваат, а сега им даде причина уште повеќе да се заљубат во него. Рајан Гослинг (32) наводно бил заштитнички настроен кон неговата девојка Ева Мендес (39) кога еден фотограф ја поздравил со зборот „бејби“.

Инцидентот се случил во њујоршкиот хотел „Bowery“ кога еден моден фотограф со кој Ева неодамна снимала едиторијал, ја поздравил со зборовите „Хеј бејби“. Неименуван сведок изјавил за „Њујорк тајмс“ дека Рајан Гослинг „одлепил“.

article-2302385-18FBB88A000005DC-312_634x951

„Рајан му се приближи и му рече „Кого ти викаш бејби?“. Ева дотрча до нив и спречи поголема пресметка. Рајан тогаш се смири и се ракуваше со фотографот“.

Рајан и Ева, кои се во врска од септември, престојуваа во овој хотел во текот на промоцијата на филмот „„The Place Beyond the Pines“ во Големото Јаболко.

 

- Реклама -