Гори стан во скопско Ѓорче Петров, пожарникарите интервенираат, велат од ЦУК

Пожар изби во стан, како што посочи Ангелов, кај старото матично во населбата Ѓорче Петров во Скопје

Се запали стан во скопската населба Ѓорче Петров, пожарникарите интервенираат на местото на настанот, информираше вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„На бројот 112 по добиена пријава дека има пожар во стан на улицата ‘Виа игнација‘, противпожарните екипи интеервенираат“,

вели тој.

Пожар изби во стан, како што посочи Ангелов, кај старото матично во населбата Ѓорче Петров во Скопје.

- Реклама -