Американскиот писател Гор Видал (3 октомври 1925 – 31 јули 2012) е роден во воената академија Вест Поинт – неговиот татко е еден од првите воени пилоти на САД, а мајка му е театарска актерка на Бродвеј.
Дедо му е сенаторот Томас Гор, чии изолационистички убедувања ќе наметнат големо влијание врз политичката филозофија на Видал, макар што не какви што дедо му би сакал – Видал останува засекогаш критичен кон сите американски политички активности, предводени од империјалистички цели.
Видал е автор на над 20 романи, 8 драми, десетици сценарија и приказни и над 200 есеи. Во текот на повеќе од шест децении, Гор истражува широк спектар на социо-политички, сексуални, историски и уметнички теми.
Во продолжение следуваат 20 мисли на еден од највлијателните либерални американски интелектуалци на XX век.
1. “Повеќето животи се поминати во ставање и симнување на маски.”
2. “Луѓето никогаш не го оставаат тој впечаток што мислат дека го оставаат.”
3. “Четирите најпрекрасни зборови во нашиот секојдневен говор се:” Нели ти реков?!” (Didn’t I tell you?)
4. “Прво кафе, па после ждригање. И Музата доаѓа.”
5. “Глупоста на паметните секогаш е поголема од онаа на глупаците.”
6. “Велат дека да се спознаеш себеси, значи да го запознаеш сето човечко. И следствено никој не може да се спознае себеси, бидејќи човечката природа е недофатлива: ние остануваме непознати дури и на самите себе.”
7. “Пред животот да ни ги подели картите, поделени се картите на нашата судбина – нашето семејство.”
8. “Секогаш кога пријател ќе постигне успех, нешто во мене умира!”
9. “Кога се бориш за добра причина, хипокризијата станува доблест.”
10. “Никогаш немојте да имате деца. Имајте внуци.”
11. “Стил е да знаеш кој си, што сакаш да кажеш, и да не те интересира што мислат другите.”
12. “Доброто дело никогаш не останува неказнето.”
13. “Историјата не е ништо друго, освен гласини за минатото, со надеж дека може и да се вистина.”
14. “Луѓето секогаш мислат дека ако пишуваш добро, тоа е затоа што ги мамиш или пак не си доволно демократичен за да пишуваш толку лошо како сите други.”
15. “Не е доволно да постигнеш успех, другите треба да пропаднат.”
16. “Постојано слушаме: Каде ни се писателите? Прашањето за кое вреди да се јадосуваме е: Каде ни се читателите?”
17. “Соседот на човека му е секогаш непријател. Таква е природата на нештата.”
18. “Што чудесно нешто се книгите, како минуваат низ светови и векови, победувајќи го незнаењето и на крајот дури и безмилосното време!”
19. “Никогаш не пропуштајте шанса да имате секс или да се појавам на телевизија.”
20. “Она што сме, ретко е она што сакаме да бидеме, додека она што сакаме да бидеме или ни е забрането, или се менува како годишните времиња”.