Google Translate сега знае уште 110 јазици благодарение на вештачката интелигенција

Google објави дека неговиот преведувач научил уште 110 јазици, благодарение на моделот за вештачка интелигенција PaLM 2. Вештачката интелигенција се покажала особено добра во учењето меѓусебно поврзани јазици, како на пример Хинди, Авади и Марвади, како и француски креол, сејшелоаски креол и маврициски креол (креол е јазик што настанал од контактот на некој локален јазик).

Новата надградба носи и поддршка за кантонскиот јазик, кој со години е еден од најбараните. Инаку, кантонскиот јазик е најзборуваниот јазик во јужните кинески провинции, вклучувајќи го и Хонг Конг, а го зборуваат и мнозинството кинески иселеници и нивните потомци во САД. Но, како што изгледа, беше тежок орев за кршење бидејќи е сосема различен од официјалниот мандарински, па беше тешко да се најдат податоци за да се обучи моделот со вештачка интелигенција.
Официјалниот блог пост додава дека околу 25% од новододадените јазици се африкански, секој додаден јазик го зборуваат најмалку милион луѓе ширум светот, а неколку се зборуваат од стотици милиони.

Извор