Google развива идентификатор кој ќе ги замени „колачињата”

Google развива метод, кој ќе го замени начинот за следење на активностите на корисниците на Интернет. Како што соопшти USA Today, новиот метод може да ја промени огромната индистрија на Интернет рекламата, која во моментот има промет од $ 120 милијарди долари годишно.

Компанијата работи на создавање на анонимен идентификатор, специјално дизајниран за реклами (AdID), кој ќе ги замени датотеките од типот cookies. Податоците од AdID ќе се пренесуваат дирекно на огласувачите кои претходно ќе треба да се согласат да ја користат добиената информација исклучиво со цел да обезбедуви поефикасна контекстуално-ориентирана реклама. Тоа исто така ќе ја намали загриженоста на корисниците во врска со поднесувањата кои ја штитат нивната приватност.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

Во наредните неколку месеци Google планира да спроведе разговори со големи компании и државни сектори со цел максимално и валидно реализирање на оваа иницијатива.

Текстот е објавен во соработка со socialnet.mk

- Реклама -