Чудна грешка на Google Translate го претворила претседателот на САД, Барак Обама во неговиот претходник Џорџ Буш во интернет изданијата на француските весници.
Оваа грешка првпат била забележана од британскиот вебсајт за технологија The Register. Сервисот за автоматски превод на Google го менува “le président américain” во “Bush” – дури и сега, речиси четири години по преземањето на функцијата од страна на Обама.
Грешката во преводот е малку покомплицирана. Ако ја внесете само фразата “le président américain” во Google Language Tools ќе добиете „американскиот претседател“. Но ако ја посетите оваа приказна во Le Monde од понеделникот:
и притиснете “translate” ќе добиете: