Google во моментов прави фотографии каде што ниту еден автомобил или санка може да мине – стрмните и карпести патеки во Големиот Кањон.
Тим од Google пешачи низ кањонот за да ги создаде панорамските пејсажи кои ќе бидат додадени на Google Maps. Овој потег е дел од поголем напор за проширување на Google Street View. Компанијата неодамна додаде фотографии од пејсажи од Амазон и Антарктикот до универзитетски кампуси и антички рушевини.
За фотографирање на областа тимот користи ранци со специјалната панорамска камера. „Тесните патеки со стрмни страни се совршен терен за нашата најнова камера“ изјавиле од Google. „The Trekker – кој операторот го контролира со Android телефон и автоматски собира фотографии во одење – овозможува собирање на фотографии со висок квалитет од места кои се достапни само пешки.“
„Овие панорамски фотографии наскоро ќе бидат достапни на Google Maps со што секој ќе може да ужива во убавината на ова природно чудо од удобноста на нивниот дом“ додале од Google.