По само 4 години постоење, прелистувачот на Google – Chrome, не само што успеа да ја надмине популарноста на Mozilla Firefox, туку го надмина и Internet Explorer и да стане најпопуларен прелистувач на светот.
Кога се појави Google Chrome, се сметаше дека битката за пазарот ќе се води помеѓу производот на Google и Mozilla Firefox, прелистувачот кој беше водечка алтернатива за Internet Explorer на Microsoft. Google Chrome уште одамна го презеде местото на Firefox како алтернативен прелистувач, а од оваа седмица го носи и приматот водечки или најпопуларен прелистувач во светот.
Подвигот на Chrome не е мала работа, бидејќи Internet Explorer, иако е далку од квалитетен производ, сепак е интегриран во најпопуларниот оперативен систем Windows, што го прави основна опција за прелистување на интернет за милиони корисници.