Кога Џанг Веи – најплатениот кинески интернет-писател, го посетил барот Devil’s Place во Сент Мориц во јуни годинава, испил голтка виски за која платил дури 10.050 долари. Тоа е и официјално најскапо платената голтка шкотско виски во историјата. Наводно се работело за многу редок пијалок – неотворено шише со етикета на вискито Macallan од 1878 година.
Откако Кинезот се опрчил 10.000 долари и шишето конечно било отворено, меѓу експертите за виски почнале да се будат скептиците – и да инсистираат на проверка на автентичноста. По барање на самиот хотел (во кој се наоѓа барот), вискито е пратено на лабораториска анализа. И…
… Излезе дека е лажно. Анализата, спроведена во Шкотска, покажува дека вискито во шишето не е постаро од 1970 година – т.е. е 90 години „потазе“ од тоа што пишува на етикетата.
Во меѓувреме, хотелот ги прифати резултатите од лабораториската анализа и на Кинезот му е вратена целата сума. Фактот дека најскапата голтка во историјата е за лажно виски, меѓутоа, останува.