Експлицитните слики од српската водителка Софија Рајовиќ од B92 телевизија, преку ноќ ѝ донесоа популарност, но и многу проблеми.
Видео кое се состои од нејзини голи фотографии е објавено на страницата „YouPorn“ под насловот: „Софија Рајовиќ елитна проституција“.
Водителката одлучила да го тужи секој кој тие слики ќе ги објавува или дистибуира, а за тоа најмила и адвокат.
Таа за српскиот Story проговорила за овој скандал и признала дека поради овие фотографии се сретнува со многу предрасуди.
„Тоа е цената која ја плаќате кога се занимавате со оваа работа. Жал ми е што тие слики излегоа во јавноста, но искрено, бев подготвена на тоа бидејќи знам колку далеку се подготвени некои луѓе да одат за да саботираат или расипат нечиј труд и работа“, рекла таа.
„Во ниту еден момент немаше да зажалам за тие слики ако останеа онака како што беа наменети, само за моите очи. Затоа што не е така, се покајав што одлучив да се фотографирам на тој начин“, искрено изјавила водителката.