Хрватската репрезентација на ватерполо ја претставува атрактивната кампања „Хрватска сака ватерполо“. Голите ватерполисти го одземаат здивот.
Кампањата „Хрватска сака ватерполо“ сака да ги претстави хрватските ватерполисти во полн сјај и да ги повика љубителите на овој спорт, а и тие кои ќе станат, на новата репрезентација која следи. Модниот фотограф Горан Матијашец преку својот објектив нѐ воведе во скриениот свет на водните јунаци и ни покажа сосема нова перспектива на ватерполото.
Погледнете, а женските преставнички ќе плакнат очи.